Комплекс Теферич

Станбен комплекс Теферич

Што е тоа што овој објект го прави посебен?

Во насока да ве информираме за квалитетот на градба и современата технологијата која ќе биде имплементирана, со задоволство ви го претставуваме луксузниот станбен комплекс во нас.Кисела Вода, лоциран на ул.Мариовска 5 бр.8

Современиот начин на живот ја наметна потребата од еден поинаков концепт на урбаното домување. Објектот во Кисела Вода се состои од 4 станбени единици кои ќе располагаат со површина од 180м2.

Секој стан ќе располага со по 2 паркинг места, а пристапот до станот ќе биде со лифт.

Една од предностите на инвестирањето во луксузен дом во кој целосно ќе се опуштите и ќе уживате претставува поседувањето на сопствена вградена сауна.

Немора да сте во некоја викендичка на планина за да ја почувствувате топлината на каминот, мирисот и мекото пукање на дрвата, пропратено со чаша добро вино од визба, бидејќи токму сето ова го добивате во вашиот иден паметен дом.

Еден од најефикасните и најеколошки начини за загревање на еден објект е со помош на геотермална пумпа. Гео-термалната пумпа ја има таа способност да од ниско температурни извори (подземната вода и земјата) да ја извлече енергијата и да ја покачи на повисоко ниво потребно за загревање на објектот. Најважните предности на топлинската пумпа кои го прават овој систем поволен и еколошки прифатлив се:

– Единствено решение за греење, ладење и потрошувачка на топла вода

– Ниски инвестициски трошоци, во однос на други типови топлотни пумпи (геотермални)

– Висока искористеност на енергија и заштеда на трошоците за греење

– Мал простор за сместување на уредот

– Тивка работа, без емисија на издувни гасови

– Идеален за замена на постоечкиот систем на греење кој постигнува температура до 80 C°

– Нема директна емисија на СО2.

– Помала потрошувачка на енергија во споредба со котлите на гас, струја и цврсто гориво.

Сонцето како одличен извор на енергија одлучивме максимално да го искористиме. Благодарение на овој извор, преку фотоволтаичните системи домаќинствата ќе произведуват сопствена електрична енергија со што ќе придонесат за намалени сметки за електрична енергија.

Смарт технологијата која ќе биде имплементирана во објектот подразбира целосна контрола на сите светла, цела струја, бојлер, клима, од самиот дом, или надвор од домот. Паметната видеодомофонија  овозможува увид на влезот и на вашите посетители, можност да разговарате со нив и да им отворите врата дури и кога сте надвор од домот.

Она што ќе се третира како заедничка сопственост во овој објект е просторот за рекреација и уживање.

Базен и летниковец во кој ќе бидат вградени фурна и скара, ќе биде совршено место за одлична забава и дружење помеѓу идните станари, се со цел да го вратиме духот на добрите соседски односи.

Design a site like this with WordPress.com
Започни